Берлин на мака, како да се продаде „љубовното гнездо“ на Гебелс (видео)

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Градските власти на Берлин веќе подолго време никако не успеваат да продадат една куќа на езрото Богер, а за тоа не се главни причини трошната фасада, кровот што се распаѓа или ентериерот кој „памети и подобри времиња“.

560790_joseph-goebbels_f

Вилата на езерото со 70 соби веќе подолго време не може да најде нов сопственик од мошне очигледна причина – во прашање е „љубовното гнездо“ на Јозеф Гебелс, еден од најголемите пропагатори на идеологијата на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

255x160_109527-gebelsova_kuca_prtscrОд страв поранешната нацистичка вила, сместена на околу 40 км северно од Берлин, да не стане „засолниште за собирање на модерните нацисти“ во случај да падне во погрешни раце, гладската влада планира да ја издаде под закуп.

Како што пишува „Телеграф“, Гебелс земјиштето го купил во 1936 година, а вилата е довршена во 1939 година и во неа првиот човек на Хитлер за креирање на јавното мнение ја изневерувал својата сопруга со старлетите од филмското студио со коешто управувал.gebels_hitler_wiki

Гебелс и неговата сопруга Магда се самоубиле во бункерот на Хитлер откако ги отруле своите шест деца, пишува „Newser“.