Наумов: Потребни се 2 години без корка леб за покривање на долговите од власта!

од Vladimir Zorba
69 прегледи


Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски, беа помеѓу граѓаните од гостиварскиот регион.Еве дел од активностите:

12646830_1076615045703180_5360329789602524550_o

За жителите на гостиварското село Тумчевиште огромна пречка во извршувањето на секојдневните земјоделски активности претставува тесниот руиниран локален пат.

-Недозволиво е Ставрески секојдневно да ги задолжува граѓаните со по 3 милиони евра, луѓето да се мачат по вакви непроодни патишта. Со ваков износ од 3 милиони евра, проблемот што вие го имате се решава за еден ден, рече Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии.

Наумов заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски, вчера го помина денот во делови од гостиварскиот регион. Разговараа со жителите за секојдневните проблеми што ги тиштат, за лошата економска ситуација во која преживуваат граѓаните и државата, за политичката криза во Македонија.

12605343_1076615385703146_8174508455885164719_o

Луѓето овде во гостиварско се жалат дека немаат добиено субвенции за цела измината 2015 година, поради што не можат ни да си ги прехранат семејствата, а не да размислуваат за планско производство.

Велат власта постојано измислува нови даноци и трошоци што треба да ги плаќаат, а субвенциите редовно доцнат.

“Зарем тие субвенции не се од даноците што ние ги плаќаме? Каде одат тогаш парите од секојдневните задолжувања ако не ни се исплаќаат навремено субвенциите?“ коментираат жителелите низ лутина.

Наумов, во гостиварската населба Малеарди рече дека транспарентноста на трошењето на народните пари ќе биде основа на работењето на новата Влада на СДСМ за што има предвидено конкретни мерки во Програмата.

-Граѓаните мора да ја вратат контролата над власта и власта ќе биде таа што ќе се плаши од граѓаните, а не обратно, рече Наумов.

Луѓето се запознаени со задолжувањата што ги прави власта врз нивниот грб и загржено бараа објаснување што значи за нив и за земјава објавениот историски највисокиот долг од над 4 милијарди евра.

-За да може Македонија да го затвори огромниот јавен долг од 4 милијарди и 224 милиони евра, потребни се финансиски средства од 22 месечни прихода што ги остварува државата. Тоа е фрапантна бројка којашто покажува дека речиси две години, 22 месеца, граѓаните треба да останат без денар, буквално не треба да стават корка леб во уста, за да може државата да се раздолжи. Најголем дел од платите и пензиите што ги добиваат граѓаните се од кредити, од нови задолжувања и тоа е еден затворен круг што ако вака продолжи ја води во пропаст државата. За ова да не се случи, за да си ја сочуваме државата, оваа власт мора да замине. Нема да дозволиме вакво сценарио. Ќе ги вратат сите пари што ги одзедоа, а СДСМ во Програмата има мерки како да ги врати парите кон граѓаните со што ќе ги стабилизираме егзистенциите на семејствата, а со тоа и еконмската состојба во земјата, порача Наумов во центарот на Гостивар.

12650854_1076615342369817_3921479209500527901_n

Членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски посочија дека СДСМ ќе гради политика на толерантно општество во коешто нема да се делат луѓето на “наши“ и “ваши“. Македонија ќе биде држава во којашто културите ќе соработуваат и ќе се надополнуваат, тоа е богатство на Македонија, а не хендикеп, со што си игра оваа власт за политички потреби. Ја градиме Македонија едно општетсвтво за сите, порачаа претставниците на СДСМ при средбите со жителите во гостиварскиот регион.