Животот на Марс е можен: Габи преживеале 18 месеци во вселената

од Vladimir Zorba
89 прегледи

По патот долг една и пол година во Меѓнародната вселенска станица, група габи, кои се собрани од Арктикот, покажале дека можат да се адаптираат на условите на Марс.

article-1116766-03110326000005DC-391_468x307

Повеќе од половина од нивните клетки останале живи за време на изложувањето на марсовските услови, што покажало дека животот на Црвената планета е можен.

Примероците од габите им помогнале на истражувачите да го проценат оптанокот и стабилноста на микроскопските живи форми на оваа планета. Научниците зеле примероци од габите Cryomyces antarcticus и Cryomyces minter од сувиот дел на Арктикот. Овие организми се способни да преживеат сурови услови како мраз, снег и екстремни ветришта.

Истражувачите ги ставиле во платформата EXPOSE-E, која симулира екстремни вселенски услови, како оние кои се на Марс. Платформата ја развила Европската вселенска агенција, која ја испратила на МВС.

Арктичките габи биле изложени на марсовски услови 18 месеци (95 отсто CО2, 1,6 проценти аргон, 0,05 отсто кислород, 2,7 проценти азот и 370 делови на милион H2О под притисок од илјада Паскали). Некои примероци се изложени и на ултравиолетово зрачење, слично на Марс, кое е поголемо од 200 нанометри, а други примероци се изложени на послабо зрачење.

По 18 месеци е откриено дека голем број клетки преживеале.