САД предизвикуваат финансискo цунами, но дали ќе можат да го контролираат

од desk3
103 прегледи


Америка го турка светот кон хиперинфлација, за да започне нов економски раст под своја целосна контрола

20160131.ifqtbvhtbf

Макроекономската ситуација во светот дава причина да се мисли дека САД намерно ja креваат инфлацијата, туркањето на светот кон хиперинфлација е алатка со помош на која ќе биде “изгорен” вишокот парична маса и дури тогаш ќе се започне нов економски раст.

Проблемот е што многу земји од Третиот свет може да не успеат да преживеат слична финансиска бура, да застанатна границата на длабока рецесија. На пример, ако во следните месеци цената на нафтата не стигне барем до 50 долари за барел, Бразил и Венецуела ќе бидат принудени да прогласат банкрот.

По многу знаци, денес ситуацијата потсетува на азиската криза од крајот на 90-тите години на минатиот век, но има значајни разлики кои можат да го внесат светот во длабока светска депресија.

Прво, веќе се исцртува криза на хиперпродукција. Ова води до падот на нафтените цени и нејасна иднина на повеќето економии. Останува и прашањето- дали елитата на големите држави ќе ја прифатат својата дефинитивно подредена улога во однос на големите финансиски ајкули или ќе им се спротивстават. И конечно, дали САД сепак ќе успеат да управуваат со задушувачкото финансиско цунами.