Лошото знаење на јазикот во земјата на престој на вработените и постојаната ротација водат до неефикасност во работата на ЦИА и редовни провали, смета поранешниот вработен во Министерството, Филип Џиралди. “Сите војни по 1945 година беа непотребни, неубедливи или пропаднати, бидејќи разузнавачката заедница не еднаш беше изненадена од активностите на конкурентите и непријателите “- пишува Џиралди во American Conservative.
Тој дава пример со нападот на американската амбасада во Бенгази, при што загина американскиот амбасадор во Либија. Причината е не навременото повикување на засилување поради слаба јазична подготовка за контакти со локалното население. Овој офицер порано служел во Латинска Америка, бил во Авганистан и Ирак со кратки патувања и, според Џиралди, едвај агентите владеле арапски или пашто, а учењето на арапски трае две години. Сите мислат дека сите во светот треба да зборуваат англиски. Слична практика е вообичаена за ЦИА, а вработените гледаат на престојот во жариштата како на неопходни скалила во кариерата, пишува авторот. Така офицери без искуство редовно менуваат други офицери со ограничено искуство.
“Заменик-директорот на операциите, загрижен дека офицерите од ЦИА не го владеат јазикот, забранил назначувања за неуспешните на јазичниот тест. По два месеци тој се предал кога разбрал дека проблемот нема решение “- раскажува Џиралди. Така дипломати и разузнавачи зад граница се претвораат во “слепци кои водат слепци”.
Советската школа, напротив, обрнува многу поголемо внимание на јазичната подготовка на разузнавач, тврди Џиралди. “За време на Студената војна советските агенти со години го учеле јазикот и културата на другата земја пред да се упатат. Тие дури купувале локална облека и обувки, за да не се разликуваат надворешно. Наоѓајќи се во туѓата земја со години, тие станувале експерти и ги препознавале сите нијанси на работата, пишува тој.
“Значи, кој е подобар со работата во друга земја, Американците или Русите?” – прашува реторички Џиралди.
