Тојота запира една недела со производство поради недостаток на челични делови

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Јапонската автомобилска компанија “Тојота” (Toyota) запира производството на сите свои автомобили во Јапонија за шест дена (8-13 февруари) поради неодамнешната експлозија во фабрика за челик.4632866

Тој ги обезбедува деловите за автомобилски мотори и менувачи, објави во понеделникот NHK. Според информациите, поради недостаток на делови за автомобилите ќе бидат запрени четири фабрики на “Тојота” во Аичи, девет – во префектурите Фукуока, Ивате и Мие, и делумно во фабриките на подружници компании “Дајхацу” (Daihatsu) и Hino Motors.

На 8 јануари во фабрика за леење на челик на компанијата Aichi Steel во градот Тит настана експлозија и беше оштетена печката и таванот што го запре производството на челични делови за автомобили “Тојота”. Фабриката се очекува во Тит да биде отворена целосно до крајот на март. Фабриките на компанијата во Јапонија произведуваат дневно меѓу 13 и 14 илјади возила.