Каде и како Путин ја згрижи ќерка си !?

од desk3
73 прегледи

Поголемиот ќерка на Владимир Путин живее во зграда, обезбедувана од Федералната служба за безбедност на Русија и полиција, пишува The New Times. Марија Владимировна Воронцова е мажена за холандски бизнисмен, работел за “Гаспром”. Интересно е и тоа дека зградата е изградена по индивидуален проект во 1934 година и во неа биле сместени високи службеници од Кремљ и членови на Друштвото на старите болшевиците. Во неа живееле познати советски генерали и министри, академици и роднини на членови на Политбирото на советската комунистичка партија.

20160201.nrshezlsxd

Медиумите се обидела да се поврзат со поранешни соученици на Марија, но тие одбиле да зборуваат или пак побарале фантастични суми, за да кажат нешто. Само едно девојче кое одамна не е во Русија, рекче дека првично сите во училиште биле убедени дека Марија е ќерка или на таен конструктор на вселенски бродови или на богат генерал.

Ќерката на рускиот претседател завршила МГУ и се појавува во некои од поставени од врсниците фотографии, една од која е за време на крстарење низ Медитеранот на јахта, чиј неделен наем е меѓу 35 и 45 илјади евра.

Сопругот на Марија – холанѓанецот Јорит Фасен доаѓа во Русија како соработник на “Гаспром” во 2006 година. Во 2010 година тој влезе во спор со обезбедувањето на банкарот Матвеј Урин и бил претепан од нив. За приведувањето на тепачите тогаш лично се погрижил шефот на московската полиција, а потоа на три од банките на Урин се одземени лиценците.

Фасен секогаш се движел со специјален автомобил со сина лампа и бил чуван исто од ФСО. Неговата сопруга пак користи џип, исто со сина лампа и заштита од тајни служби на Русија.

Откако го завршила универзитетот во 2011 година, Марија почнала постдипломски студии во Ендокринолошкиот научен центар, предводен од академик Иван Дедов. Од тој момент во животот на академикот почнаа да се случуваат чуда – неговиот син станал веднаш судија, ја претставува Русија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а самиот Дедов бил едногласно избран за претседател на руската Академија на медицинските науки.

Министерството за здравство на Русија , без да сожалуваат средства , го опремија со најновите современи технологии Институтот за детска ендокринологија. Според податоците, тоа го чинело на буџетот на државата 6.6 милијарди рубљи. Токму тука почнала да работи и Марија Воронцова.