Нафтеното братство Иран-Русија профункционира, “Лукоил” прва во Европа купи иранска нафта

од desk3
120 прегледи

Компанијата Litasco – базирана во Швајцарија и е дел од трговско друштво на “Лукоил”, е првиот европски трговец, кој склучил договор за извоз на нафта од Иран по падот на санкциите против исламската република. Грчката Hellenic Petroleum во петокот стана првата европска рафинерија, која нарачала иранска нафта.

zx620y348_2575423

Тоа го соопштија западни медиуми на крајот на минатата недела, а веќе има контрадикторни податоци каде ќе биде преработена нафтата, порачана од Русите – во Италија или во рафинеријата “Петротел” на “Лукоил” во Романија. Речиси истовремено со Litasco зделка склучила и Compania Espanola de Petroleos.

Овие договори сепак се барем на неколку недели од нивната реализација, бидејќи има проблеми со танкерите. Осигурителните компании се уште не разјасниле како ќе работат во секторот, особено откако остануваат во сила американските санкции кои забрануваат нафтени бизнис операции во долари. Алтернативите се трговија во други валути .

Нешто слично, се чини, се подготвува да го користи и “Лукоил”, бидејќи според рускиот деловен весник “Ведомости” компанијата дискутира со Иранците за таква шема. Според неа се можни компезациски испораки во северен Иран од некои од осумте касписки наоѓалишта на Русите против соодветното количество иранска нафта, товарено од иранските терминали во Персискиот залив.

Според Анатолиј Јановски, заменик-министер за енергетика на Русија, “Лукоил” може да се договори со Техеран и за учество во ирански проекти за екстракција. Пред една недела висок претставник на иранската нафтена компанија изјави дека Русите влегле во два проекти за истражување во провинцијата Хузестан во југозападен Иран. Овие проекти се скромни – за околу 6 милиони долари, а потпретседателот на “Лукоил” Леонид Федун разјасни пред ТАСС дека при толку евтина нафта компанијата само истражува и нема намера да почне со екстракција во Иран. Аналитичарите сепак коментираа дека Федун повеќе се обидува да не го иритира Ирак, каде што “Лукоил” одамна има бизнис, а Багдад повторно е во директна конкуренција со Техеран на светскиот пазар на нафта.