Попоски до дипломатите протестанти: Со измените на законите зајакнати се критериумите за дипломати

од desk3
95 прегледи

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оцени дека со измените и дополнувањата на Законите од 2008 и 2013 година се зајакнуваат критериумите за сите кои сакаат да станат дипломати, зголемени се очекувањето за знаење, надоградба, стекнување на нови вештини.

Никола-поповски-300x172

– Во МНР работат совесни дипломати, одлични професионалци кои си го знаат занаетот и најдобро знаат како да ја претстават РМ во светот. Во изминативе години прво воведовме исполнување на многу високи стандарди на професионалнот за сите оние кои се влезени во МНР. Направено е на секое упатување на мандат да биде упатено лицето кое е најконкурентно за таа позиција. И трето наметната е потреба за прилагодување кон современите потреби за занимавање со дипломатија од страна на сите, рече шефот на македонската дипломатија во изјавата дадена како реакција на предупредувачкиот протест, кој што денеска го одржа Синдикатот на дипломатската служба.

Според него, фокусот на работата на сите дипломати треба да бидат предизвиците со кои се соочува Македонија последните години, како мигрантската криза, ЕУ и НАТО – интегративниот процес и спорот со името./МИА