Судот во Кина отвори предмет за утврдување одговорност на 27 полицајци и службеници, за судска грешка од пред 20 години, која доведе до егзекуција на млад човек. Тие ќе бидат казнети. А, судот се извинил на родителите кои како компензација ќе добијат оштета околу 5.000 долари.

На 9 април 1996 година 18-годишното момче Хуугжилт заедно со неговите пријатели во јавен тоалет нашле убиена жена и пријавиле во полиција. Судот сепак во мај решил дека токму момчето е убиецот, иако ДНК од трагите од крв на телото на жртвата не се совпаѓала со неговата. Го застрелале уште следниот месец.
Во 2005 година, полицијата уапсила маж кој признал дела тој го сторил делото и дека е вистинскиот убиец. Во текот на истрагата, која траеше 10 година, откриено е дека нападот е извршен од серискиот убиец Чжао Чжихун. Дури во 2014 година најпосле било забележано несогласувања на крвните примероци.