Fokus:Фабрика на фамилијата за местење на политичките противници

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Ви пренесуваме дел од текстот на Зоран Димитровски за Фокус:

li;ni karti

Впрочем, човекот фатен со симнати боксерки, бандитот со „мајбах“ очила и мултимилионски плац на Водно чија Фамилија е до гуша во кал, токму тој човек деновиве прозива бандити и заговорници во опозициските редови, и ечи оти немало да дозволи никогаш во иднина криминалци со измама да дојдат на власт!?

Па, така е, бе, пастиру, кумче калабриско, во една мафијашка држава-партија, на една територија, има место само за една криминална Фамилија, за твојата и на братучед ти! Ете, тоа е логиката на криминалниот ум. Се разбира, нема мафија на светот која својата територија без крв и многу жртви ќе му ја предаде на друг. А секој што сака да ја симне од бандитскиот трон, да ја стави зад решетки, за неа е само поголем „капо“.

Така е тоа во тајните ќелии на мафијашкиот мозок. Таму нема битка на правната држава против мафијата. Таму мафијата се бори против друга, поголема криминална банда! А има ли поголема банда од Фамилијарната партија-држава? За Груевски има!

Затоа и специјалната обвинителка Катица Јанева и олеснувачот на преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ван Хауте, за пастирот се дел од таа домашна и меѓународна мафијашка булумента која сака на Ел Чапо Гузман Де Гвујо да му ја земе територијата. Е не може, мцки, ќе видите на 24 април, само братучедите ќе продолжат да ве пљачкосуваат и да ве тероризираат, и тоа со вашиот украден глас!

И така, деновиве, од кујната за плуканици и помија на ДПМНЕ пастирска, излезе фотографија според која клучниот доказ оти аферата со пасошите и личните карти „Фокус“ и СДСМ заедно ја подготвувале во своите фабрички аферашки хали, е еден тепих. Тепихот е истиот, со истите шари, како и оној на видео-материјалот кој „Фокус“ уште во ноември 2014 година го објави како доказ дека во една просторија на непозната локација има тајна фабрика за изработка на пасоши.

Арно ама, на новата курирска фотографија се гледа и Захир Беќири Чаушот, член на СДСМ, според признанието на Заев, де, кој седи на гарнитурата во собата заедно со неколкумина други со замаглени фаци. Куририте го посочуваат Чаушот како чест посетител на таа соба, за подоцна да извлечат заклучок дека всушност тоа е неговиот дом.

Си знаат тие од Протогебелс ендеклијата, та нели тој ја води истрагата!? И во тој дом, ете, била фабриката за пасоши, како впрочем и фабриката за фалсификуваните лични карти, а всушност во таа „гајба“ СДСМ и „Фокус“ имале „фабрика за афери“ против Груевски, за да го оцрнат неговиот лик и дело, кои се всушност светли и ангелски.

Но, да видиме какви докази откриле куририте и да се обидеме да одгатнеме што всушност се крие зад целата афера?

Зашто, добро е работите да се раздиплат вака, на хартија и покрај тоа што и новинарот Љубиша Арсиќ, а и јас како одговорен уредник на „Фокус“ во неколку настапи на ТВ и на порталите во јавноста ги објаснивме нашите мотиви и постапки, а Груевски, Митко Чавков, или недај Боже изгубената во вселената Гордана Јанкулоска (која на Фејсбук сакаше да биде вицкаста, па напиша „Фокус – покус, преварантус“) не се ни обидоа да одговорат на клучните прашања од аферата.

За волја на вистината, куририте, криминално инфицирани со милионските суми кои стојат на сметките во нивните фирми, за кои ги прозива опозицијата – а тие не кажуваат од каде им се – не ни заслужуваат каков било одговор за плуканиците или сериозен новинарски третман, но „Фокус“ има и своја публика, читатели, кои е важно да ги чујат деталите за начинот на кој нашиот неделник ги објави приказните за аферите со фабриката за пасоши и за фалсификуваните лични карти.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк.