Зошто Ајова е толку важна?

од Vladimir Zorba
66 прегледи

На 1 февруари партиските комитети во Ајова беа свикани и го  поставија почетокот на изборот на кандидати за Белата куќа.

4634407

Битката за тоа кои ќе бидат претставниците на републиканците и демократите на претстојните претседателски избори започна вчера, пишува британскиот весник. “Индипендент”. На 1 февруари партиските комитети во Ајова  распишаа и  го поставија почетокот на изборот на кандидати за Белата куќа.

Зошто сепак гласањето токму во таа држава е од такво значење за трката како целина? Ова е првата држава, каде се одржува гласови Главната причина за важноста на Ајова е токму поради тоа што таа е првата држава во кој се одржува гласањето. Независно од тоа што е мала, нетипична за остатокот од САД и обезбедува речиси 1% од националните делегати, тоа е првиот индикатор за тоа каква е поддршката за кандидатот. Медиумскиот интерес генериран од раното спроведување на гласањето, покажува дека кандидатите би можеле д  обезбедат значително покривање со помали напори. Раното спроведување исто така значи дека тие имаат повеќе време да ги синхронизираат своите пораки и програми како одговор на резултатите, што и дава на државата несразмерно влијание. Ајова е знак за она што претстои Речиси половина од победниците на партиските средби во Ајова потоа се избрани за претседателска номинација на својата партија, што значи дека знакот  не е особено сигурен во предвидувањето на тоа кој ќе добие номинација. Сепак трката во државата е индикатор за оние кои сигурно нема да успеат.

Од 1972 година нема кандидат на републиканците или демократите, кој да е номиниран на пониско од четвртото место во Ајова и да освоил кандидатурата на неговата партија. Нема да биде изненадување ако некои од многуте републиканци, во трката за претседателска кандидатура оваа година, отпаднат малку по гласањето во Ајова.