Моќното торнадо се насочува кон Мисисипи

Моќна бура ја погоди американската држава Алабама. Сурово торнадо искорени дрвја и скрши далноводи, јавува tvzvezda.ru. Видео снимки од епицентарот на катастрофата се шират на социјалните мрежи.Во градот Колинсвил стихијата сериозно ја оштети зградата на баптистичката црква. А во соседството е погоден и женскиот затвор. Според прогнозите на метеоролозите, страшната бура нема да стивне. Моќното торнадо се движи на југ и денес може да достигне до Мисисипи. Службите за итна помош се во состојба на готовност. Жителите се советуваат да не возат и по можност да не ги напуштаат своите домови без потреба.