Кога ние ќе влеземе во ЕУ нема да можеме да ги уживаме досегашните придобивки- еве што и одобрија на В.Британија

од desk3
58 прегледи

Предлозите за промени во односите меѓу Велика Британија и Европската унија, кои премиерот Дејвид Камерон ги побара од Брисел, за да ги убеди гласачите да одлучат да останат во заедницата, беа објавени оваа недела.

kameron

Иако Камерон го поздрави договорот, предложена од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, евроскептиците во земјата се убедени дека постигнатото не е доволно.

Еве што побара и што доби Британија:

суверенитет:

Камерон побара неговата земја да биде исклучена од основниот принцип на ЕУ – земјите членки да инсистираат за се посилна интеграција. Британија не сака да учествува во “формално, правно обврзувачки и неповратно” полтичко зближување, а сака националните парламенти на земјите да имаат право да го блокираат европското законодавство.

Доналд Туск призна дека различните земји членки можат да изберат различни патишта на интеграција и изјави дека никој не ги обврзува да инистираат за една единствена цел. Туск е категоричен дека ЕУ го признава барањето на Лондон да не биде предмет на повеќе политичка интеграција во ЕУ.

Претставена е и идејата законодавните предлози на Европската комисија да се враќаат за дискусија во Советот, ако 55% од националните парламенти изјават дека соодвените предлози не го почитуваат принципот на супсидијарност во ЕУ. Парламентите, од кои секој има два гласа (некои ЕУ се дводомни), треба да ги поднесат противењата 12 недели по поднесувањето на предлог-законот.

Финтата е што во моментов во ЕУ постојат процедури кои овозможуваат 1/3, ¼ или ½ од националните парламенти да приговораат за законодавство и да го вратат во Европската комисија. Овие механизми сепак се користат многу ретко и бараат силни сојузници, какви Британија не секогаш ги има.

Некои од постарите барања на Камерон дури не се споменати: отстранување на европското законодавство во областа на вработувањето и социјалната помош и промена во директивата за работното време.
Ограничување на имиграцијата

Камерон побара имигрантите од други земји на ЕУ кои живеат во Велика Британија, да имаат право да побараат социјални додатоци и живеалиште по 4-годишен престој. Станува збор за овие социјални плаќања, кои во Велика Британија се доделуваат на вработените со ниска плата.

Предизборните ветувања на Камерон содржеа исто репатријација на имигрантите, кои за шест месеци не нашле работа и забрана работниците во Велика Британија да добиваат социјални додатоци за деца кои живеат во странство.

ЕУ предложи Британија да може да запира социјални додатоци само во исклучителни ситуации на голем прилив на работници и сериозно оптоварување на социјалниот систем на земјата за подолг временски период. Дури и при таква ситуација државата ќе може да го ограничува пристапот на новодојдените работници до социјални додатоци за максимален период од четири години.

Овој механизам, ако биде одобрен на европско ниво, ќе биде валиден за сите земји од ЕУ. Германија, Шведска и Бугарија на пример, исто така ќе можат да ги запираат социјалните додатоци.

Децата на имигантите кои живеат во други држави, сепак, ќе добиваат додатоци, но тие ќе бидат индексирани во однос на животниот стандард на соодветното место. Новодојдените имигранти од ЕУ нема да можат да добиваат додатоци за три месеци како невработени, а ако не најдат работа за шест месеци, ќе треба да ја напуштат земјата.
Гаранции против економска изолација
Камерон побара официјално признание дека еврото не е единствената валута на ЕУ и гаранции дека земјите надвор монетарната унија не се изолирани од процесот на донесување одлуки. Неналагањето на фискалните политики на Унијата и откажување од придонес на Велика Британија кон спасувачките програми за европски држави во криза исто така беа меѓу барањата. Лондонското Сити и единствениот пазар остануваат приоритети за Британија.

Доналд Туск, од своја страна, вети меѓусебно почитување меѓу земјите членки надвор и внатре во Еврозоната.

Конкурентност

Отстранување вишокот бирократија и проширување на единствениот пазар беа поставени во барањата на Велика Британија.

Оваа цел онака е заложена во стратегиите на Европската унија и не предизвика никакво противење од страна на институциите во Брисел. Прашањето е колку брзо ЕУ ќе напредува во исполнувањето на овие цели.