Во овој момент сум во бесен автомобил, еден маж ме носи дома, таму ме чека мајка ми која го одобрува мојот начин на живот“, вели Маја која има 18 години, пишува Daily Mail.

18 годишната девојка од Австралија е само една од многуте кои се регистрирани како спонзоруши на легален сајт. Таму таа ги нарачува своите барања, а откако ќе видат дека нешто и недостига, мажи кои се спремни да и удоволат ја контактираат и и ги исполнуваат барањата. Се разбира, нејзините желби има цена и ги наплаќа со своето тело.
Маја не го крие фактот дека е спонзоруша. Како и останатите студентки од развиените земји и таа смета дека овој бизнис е доста профитабилен,ама сепак ужасен начин на заработка.
Маја добива подароци, пари и услуги од претежно постари мажи кои ја искористуваат.
-Ако ми требаат пари за да ја платам сметката од телефонот, само одам на сајтот и околу 100 мажи сакаат се` да ми платат. Мажите кои навистина многу сакаат да ме видат, дури ми плаќаат и авионски карти. Пред некој ден седнав во ресторан и ја нарачав најскапата работа од менито, не знаев што е. Секако, тие ги покриваат трошоците, а притоа ми плаќаат и пари за тоа што сум дошла. Еден маж ми даде пари само за да седи до мене на плажа“, изјавила Маја за Daily Mail.
Маја отворено раскажала и ги опишала спонзорите како добро ситуирани, различни по возраст и нивните барања. Таа признава дека бесрамно излегувала и со оженети мажи, но секогаш била сосема трезна.

Маја раскажува дека се ужаснува кога директно некој ќе и побара секс директно.
-Се сретнав со многу сомнителен тип кој сакаше да ми плати карта за Мелбурн под услов да имам секс со него. Го одбив. И покрај тоа што не спијам со никого за пари, осудите кои ги трпам се неверојатно болни. Ме осудуваат дури и пријателите, тоа е многу тешко да се поднесе“, вели Маја
Во Австралија има 82.670 отворени и регистрирани спонзоруши на разни сајтови за вакви услуги.