Путин се решил да ја растура Германија одвнатре!?- лично го прими баварскиот премиер кој е критичар на Меркел

од desk3
100 прегледи

Премиерот на Баварија Хорст Зеехофер беше подложен денес на критики поради средбата со Владимир Путин и повикот за слабеење на санкциите против Русија, пренесоа американските медиуми.

0,,19025311_303,00

Рускиот претседател го прими синоќа во Москва Зеехофер, кој ја предводи баварската Христијанско-социјалната унија, коалициска партија на ХДЗ. Во последниве месеци баварскиот политичар беше најголемиот критичар на политиката на канцеларот Ангела Меркел за отворени врати за мигрантите.

На пат за Москва Зеехофер се произнесе за намалување на санкциите против Русија поради мешањето во Украина, што би требало да се случи “во блиска иднина”.

Што им претходело на нападите на кулите близначки во Њујорк?

Но во четвртокот Гернот Ерлер, координатор на политиката кон Русија во федералната влада, го обвини баварецот дека не пројавува потребната солидарност. На германското национално радио, тој рече дека е потребно да се врши притисок врз Москва, за да биде принудена да заземе конструктивен став во имплементацијата на мировниот договор за Украина. Создавање на впечаток за несогласувања по ова прашање не е од корист, констатира социјалдемократот Ерлер.

Голема ука-бука се дигна во германските медиуми по посетата на Зеехофер на Русија. Весникот ФАЦ пишува дека треба да знае каде е црвената линија која не смее да преминува во надворешната политика.
“Надворешната политика на владата на Германија е одговорност на самата влада. И така треба да биде. Но постепено се наметна практиката, поединечните провинции да си водат паралелно своја (мала) надворешна политика – за престиж и поддршка на локалниот бизнис. Да потсетиме само на расипничките претставништва кои провинциите одржуваат во Брисел.

Од оваа гледна точка посетата на баварскиот премиер Хорст Зеехофер во Москва не е нужно непристојно. Особено ако тој не ги надминува овластувањата и ако не заборави кај кого точно отишол во Кремљ: домаќинот Владимир Путин води валкана пропагандна војна против Германија и штотуку истрелал следен моќен вербален напад врз Берлин.
Тоа не е работа на Зеехофер.

Баварскиот премиер сака да бидат олабавени санкциите против Русија, кои влијаат на многу баварската компании. Но мора да потсетиме дека овие санкции не беа наметнати за нечија забава, туку затоа што Русија презеде агресија против Украина. И нивното кревање е прашање од надлежност на германската влада и неговите евроатлантски партнери. Тоа не е работа на Зеехофер.”