Кога во октомври минатата година Хју Хефнер потврди дека на насловните страни на „Плејбој“ во иднина нема да има голотија, малку е да се каже дека целиот свет остана во шок. Сега дојде моментот мажите да се соочат со болната вистина и да погледнат како изгледа првиот „облечен“ број.

Сите со големо нетрпение очекуваа да ја видат насловната страна на толку многу најавуваниот мартовски број и конечно е објавено и тоа чудо.
Убавицата која ни се насмевнува на насловната страна на „Плејбој“ е Сара Мекденијел која привлекува големо внимание со преубавите очи, кои инаку се со различна боја…