Со пари мир не се постигнува!

од desk3
136 прегледи

 

Со 9 милијарди евра меѓународната заедница смета дека ќе ја подобри положбата на бегалците во соседните на Сирија земји. Со пари сепак мир не се постигнува – DW ги анализира резултатите од донаторската конференција во Лондон.

0,,19024859_303,00
Две цели следеше донаторската конференција. Првата е хуманитарна – да бидат собрани доволно пари со кои хуманитарните организации на ОН ќе ја обезбедат барем исхраната на милионите сириски бегалци во соседните земји. Вистински срам за меѓународната заедница беше тоа што минатата година помоштите за бегалците мораа да бидат преполовени поради тоа што хуманитарни работници немаа пари за повеќе. Втората цел на конференцијата во Лондон е луѓето да не го напуштаат регионот, односно да биде запрен приливот на бегалци кон Европа. Тоа може и да изгледа егоистична постапка, но од политичка гледна точка е целосно легитимна цел.

Помошта доаѓа предоцна

Прашањето е зошто западните држави констатираат дури сега – пет години по почетокот на војната, дека кризата ги оптоварува соседните на Сирија земји, како Јордан и Либан, и може да ги дестабилизира политички? Зошто Ангела Меркел, Дејвид Камерон и нивните колеги се однесуваа како деца, кои, за да не видат нешто страшно, ги затвораат очите со раце? Со години сите ја набљудуваа пасивно несреќата. И дури кога милиони бегалци тргнаа кон Европа, тоа ги натера политичарите да се активираат.

“Взгляд”: Турција крие подготовка за голема војна

Сега само за еден ден се најдоа милијарди во форма на итна помош и среднорочно финансирање за бегалците и за соседните на Сирија земји кои ги засолнаа. Ако тоа беше сторено пред две или три години, сега немаше да биде толку очајна ситуацијата во бегалските кампови во соседните земји на Сирија .

Беспомошни сведоци на туѓата трагедија

Прекрасните зборови кои се слушнаа на донаторската конференција во Лондон, не можат да ја сокријат сепак ужасната вистина: исправени сме пред нов бегалски бран, бидејќи незгаснатите бомбардирање во Сирија го прекинаа хуманитарниот коридор за снабдување на градот Алепо. Русија и претседателот Асад го користат буквално секој ден, за да си обезбедат подобри излезни позиции пред продолжувањето на мировните преговори во Женева. Колку повеќе невини луѓе убиваат воените криминалци во Дамаск и нивните московски помошници, толку помали стануваат шансите за постигнување на скоро политичко решение. А Западот, под водство на САД, го забележува сето ова ос страна со скрстени раце.

Немаме никаква основа сега да се бориме во градите поради ветената помош во Лондон. Вистината е дека Лондон, Берлин и останатите го пропуштија моментот да интервенираат решително, бидејќи се плашеа од вовлекување во еден подолг воен конфликт. И сега изгледаат како едни беспомошни сведоци на трагедијата на другите.

А бегалците ќе продолжат да доаѓаат …

Бегалците во соседните на Сирија земји треба да можат да работат и да се едуцираат – никој не го оспорува тоа. Но слични програми бараат време, пред да почнат да даваат плодови. Во исто време многу луѓе продолжуваат да бегаат од Сирија, и се помалку од нив наоѓаат засолниште во соседните земји – покрај милијардите помош. Јордан и Либан веќе прскаат по рабовите, а приливот на бегалци кон Европа нема да секне, додека во Сирија војната продолжува.

Во Јордан веќе секој петти од населението е сириски бегалец, додека во Европа, со население од половина милијарда луѓе, еден милион бегалци предизвикаа нервни испади во политиката и хистерија меѓу населението. Ангела Меркел потсети на Европејците за нивниот хуманитарен долг. Точно е дека одобрението за неа опаѓа, но политиката нејзино принципиелно е точна. И таа заслужуваше поголема поддршка.