Њујоршката полиција соопшти дека уапсила маж кој очигледно изгубил контрола врз мал дрон, кој удрил во Емпаер Стејт Билдинг.

Дронот удрил синоќа во 40-тиот кат на облакодерот, по што паднал на игралиште на 35-тиот кат.
Од полицијата велат дека 29-годишниот маж отишол кај обезбедувањето на зградата во Менхетен, за да си го побара дрона, но вработените за повикале полицијата.
Мажот бил уапсен под обвинение дека несовесно создал опасност и извршил воздухопловна активност во и над градот.