Груевски истурил 20 милиони евра народни пари за да ги лаже граѓаните преку неговите медиуми кадешто тој е главниот и одговорен уредник, дека меѓудругото Македонија е земја рај за водење бизнис.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски даваат милиони евра народни пари како државна помош на компании што ќе дојдат во Македонија, ќе ги земат парите и ќе си заминат. А за тие пари да отидат на сметките на виртуелните странски инвестиции, Ставрески и Груевски ги задолжуваат граѓаните.
Невидена сиромаштија, презадолжена земја, затворени 10 000 домашни фирми, луѓе без работа, иселени млади луѓе, тоа се економските резултати на политиките што ги спроведува Груевски.