Италијанка може да добие казна до шест години затвор, бидејќи не е добра домаќинка.

Незадоволниот сопруг од Сони во областа Лацио ја обвинува својата жена за “лошо однос кон семејството” и “лош менаџмент на домаќинството”, бидејќи не работела дома и не чистела.
Тој се правда дека тоа доведува до финансиски загуби, бидејќи се трошело многу храна.
Револтираниот сопруг се жали и дека е исфрлен од заедничката спална и живее “во услови со лоша хигиена”.
Рочиштето на суд е закажано за октомври. Ако биде прогласена за виновна, 40-годишната жена може да добие казна од две до шест години затвор.
Во март 2014 година бранители на правата на италијанските домаќини инсистираа тие да добиваат плати, за да се подобри нивната ситуација во семејството. Овој предлог, меѓутоа не беше поддржан од економистите. Проф. Даниела дел Бока на пример истакна дека слична плата би добивале домаќините да бараат вистинска работа.