(ВИДЕО) Спасовски во кочанско: Со парите за медиумска пропаганда можеа да се решат многу проблеми

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со Петар Атанасов,  претседател на Комисијата за образование и Едмонд Адеми,  член на  извршниот одбор денеска се помеѓу граѓаните на Кочани и кочанско.

Spasovski1

На средбите се разговараше за проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, како и за актуелната политичка ситуација во земјава.Граѓаните на Кочани и кочанско се пожалија на тешкото секојдневие и потенцираа дека иселувањето на младите, сиромаштијата, невработеноста, како и лошата инфраструктура се главните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните од овој регион.

Spasovski3

-За вашите реални проблеми нема место на провладините медиуми, затоа што тие се платени да ги шират лагите на Никола Груевски, рече Спасовски.

-Дури 20 милиони евра завршиле во провладините медиуми за само три години. Со 20 милиони евра се решаваат многу проблеми. Еве и тука кај вас, инфраструктурата може да се подобри, многу работи може да се решат. Само со овие 20 милиони евра можеа да се отворат 4 фабрики и да се вработат 4 илјади граѓани. Наместо за решавање на проблемите на граѓаните и отворање на нови работни места, 20 милиони евра отидоа за пропаганда и нарачани прилози, рече Спасовски.