Американскиот астронаут Едгар Мичел, еден од 12-те лица кои оделе по Месечината, почина на 85-годишна возраст. Тажната вест беше потврдена од неговото семејство и НАСА.
Мичел си заминал од овој свет по кратко боледување во четвртокот вечерта. Во истиот ден се навршија 45 години од експедицијата на Аполо-14, во која учествуваше и самиот тој. Мичел беше последниот жив од екипажот, откако неговите колеги Алан Шепард и Стјуарт Роса исто починаа, во 1998 и 1994 година.
“Едгар опишуваше поетски како ја гледа својата родна планета од Месечината”, се сети шефот на НАСА Чарлс Болдон. “Одеднаш, на лунарниот хоризонт, во подолг момент на неизмерно височество, изникна брилијантно сино-белиот дијамант – светол и деликатен, небесно сина сфера, расечена оди бели ленти. Таа се издигна како мал бисер во густо море на црната мистерија. Трае повеќе од момент да разбереш целосно дека тоа е земјата … домот “, беше описот на Мичел, цитиран од Болдон.
“Тој веруваше во откривателството, кога одговори на повикот на претседателот Кенеди за луѓе кои ќе бидат испратени на Месечината. Тој е еден од пионерите на воздушната авијација, врз чии раменици сега стоиме “, додаде Болдон.
Бродот “Аполо-14” е лансиран од космодромот “Кејп Каневрал” во Флорида на 31 јануари 1971 година. Мичел одговара за управувањето со вселенско возило “Антарес”, кое слегува на земниот сателит во регионот “Фра Мауро”. Ова е трета мисија до Месечината, која вклучува човечки персонал, а Мичел е шести астронаут, кој одел по површината. За време на мисијата Американците собираат 40 килограми Месечеви камења и вршат редица експерименти. Потоа тие се слетуваат во капсула во Тихиот Океан на 9 февруари 1971 година.
Следната година Мичел се пензионира. Потоа се занимава со проучување на умот и паранормални феномени. Автор е на неколку книги, вклучувајќи ги и мемоарите – “Патот на истражувачот”.