Светскиот интернет сообраќај ќе надмине 1 зетабајт во 2016 година

од desk3
73 прегледи

Глобалниот интернет сообраќај ќе ја мине границата од еден зетабајт за прв пат оваа година, по петкратно зголемување во последните 5 години, пишува The Telegraph.

Cisco, компанијата која обезбедува голем дел од светската интернет инфраструктура, наведува дека вкупната количина на сообраќај ќе достигне околу 1060 ексабајта, што е малку над еден зетабајт.

download

Тоа е незамисливо ниво – 1 милијарда терабајти или 1 трилион гигабајти или 1 000 000 000 000 000 000 000000 бајти. Со други зборови – 667 трилиони филмови или 152 милиони години видео со висока резолуција.

Cisco предвидува дека интернет сообраќајот ќе се зголеми двојно во 2019 година благодарение и на растот, придвижуван од се поинтензивното користење на мобилен сообраќај. Мобилниот сообраќај ќе расте со просечна 57% годишно, но сепак поголемиот дел од сообраќајот ќе се генерира од стационаран широкопојасен интернет.

Samsung Galaxy S7 ќе изненади со камера од 360 степени

Голем дел од мрежниот сообраќај, кој ќе бара огромни инвестиции во инфраструктура, ќе дојде од онлајн видео. Видео стримингот ќе претставува до 41 отсто од целиот интернет сообраќај во оваа година и ќе се зголеми до 54% ​​во 2019 година.

Cisco забележува дека помалку од половина од сообраќајот ќе се генерира од персонални компјутери, кои ќе им отстапат место на паметни телевизиски апарати, паметни телефони и таблети.