УМС на ВМРО-ДПМНЕ промовираше веб-страница со сите проекти

од desk3
84 прегледи

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше веб-страницата www.makedonijazamladite.mk, каде младите од Република Македонија ќе можат да ги најдат сите 20 проекти за млади кои досега ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и оние кои допрва ќе бидат промовирани.

vladimir-neloski

– За само два месеци ВМРО-ДПМНЕ најави 20 проекти од кои директен бенефит ќе имаат младите луѓе . Ние како УМС во изминатиот период правиме трибини низ многу градови во Македонија, но како што минуваше времето се повеќе проекти имавме за претставување и информирање на младите. Токму затоа денеска ја промовираме веб страницата на која од сега сите млади ќе можат да се информираат за сите проекти кои ги најави ВМРО-ДПМНЕ, но и ќе ги најавува за предизборната кампања за парламентарните избори во април. На оваа апликација се наоѓаат и шесте проекти кои што вчера се најавени: амфитеатарот во Скупи, реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола, новите скејт паркови и „Млади амбасадори“ – истакна Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

МЕТА