Путин си најде наследник – Кој е 43 годишниот кого го подготвува за претседател на Русија

од Vladimir Zorba
149 прегледи

На 43 годишниот Алексеј Дјумин оваа недела му беше доверена функцијата гувернер на Тулската област, а во медиумите протекоа до сега непознат и детали за неговата храброст.

1454731232545
Поранешниот телохранител и личноста од доверба на Путин исто така е голман на хокеарски тим од Кремљ, а многумина тврдат дека негова должност е да го „пушти Путин да забие гол“, за да изгледа Путин моќно на телевизија.

Дјумин во 2014 одигра голема улога во симнувањето од власт на украинскиот претседател Виктор Јануковиќ, а истата година и ги предводеше руските специјалци кои имаа клучна улога во завземањето на Крим. Путин за заслуги, му додели медал за храброст и чин генерал. Според некои извори Дјумин извесно време бил и заменик на шефот на руските воени разузнавачки агенции.

Alexey_Dyumin

Пред два месеца именуван е за заменик на Сергеј Шојгуа, близок пријател на Путин и министер за одбрана. Потоа, оваа недела, именуван е за гувернер на стратешки важната Тука. Аналитичарите во тоа гледаат како во генерална проба за управување и стекнување на политичко искуство пред ново, метеорско напредување. Се очекува дека Путин ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година, но дека тоа ќе му биде последен мандат и по 2020 година ќе може да му го предаде токму на Дјумин.