Истражувачите од кинескиот Универзитет Вухан развија робот кој ја менува бојата според позадината на која се наоѓа, соопшти списанието ACS Nano. Формираниот робот претставува печатен од 3D печатач модел на мачка со вградени сензори и т.н. плазма дисплеи.
Тоа се стаклени плочи, на чија површина се направени бројни вдлабнатини со дијаметар од 50 nm. На овие плочи истражувачите нанеле тенок слој злато обложен со електролитен гел составен од јони на сребро. Ако на таков дисплеј падне светлина, слојот злато почнува да испушта плазмони и да стекнува црвена боја.
Ако пак се поднесе напон на електролитниот гел, јоните на среброто почнуваат да се “лепат” за златото и да ја менуваат бојата. Притоа стекнатата нијанса ќе зависи од силата на напон. Кратко видео за можностите на роботт камелеон беше објавено на YouTube. Се гледа како мачката робот поминува последователно пред црвена, зелена и сина позадина и како си ја менува бојата во зависност од позадината.
Засега сензорите со кои е опремен роботот, може да препознаваат само три основни бои – црвена, зелена и сина. Но во блиска време креаторите на роботот имаат намера да го опремат со посовршени сензори.