Руската армија е во состојба да стигне до престолнината на Естонија и Латвија за не повеќе од 60 часа, ако Москва одлучи да провоцира НАТО во балтичките републики.
Толку брз пораз на НАТО држави би оставило за реакција ограничен избор на борбени активности на Алијансата и сите можни опции се лоши.
Ова го тврди аналитичкиот центар Ренди со седиште во Калифорнија по серијатаа анлизирани воени сценарија во текот на неколку месеци – од есента 2014 година. до пролет 2015 година – со помош на сегашни и поранешни воене лица. Другите заклучоци, претставени претходно оваа недела се:
Такво сценарио би можел да се спречи со подготвеност да се борат од самиот почеток 7 бригади, вклучувајќи 3 механизирано-артилериски единици, со соодветна поддршка од воздух.
Трошоците за оваа промена би биле во рамките на 2,7 милијарди долари годишно, но тие се целосно прифатливи за сојуз со годишен буџет на земјите членки од речиси 1 трилион долари (и колективен БДП од 35 трилиони долари) и се незначително мали спрема штетите од евентуален неуспех на НАТО системот за колективна безбедност.
Дури тоа да не биде доволно за да се обезбеди одржлива одбрана на регионот или да се врати територијалниот интегритет на членките на НАТО, тоа фундаментално би ја променило стратешката слика гледана од Москва.
Сакате да го наречете Ердоган диктатор? Најдете си адвокат
Трите балтички републики се користат во “воените игри”, бидејќи се граничат со Русија (Литванија граничи со Белорусија, која има со Москва договор за колективна одбрана). Ако Русија одлучи да го искористи како повод присуството на значајни руски малцинства во две од нив (Естонија и Латвија) слично на случајот со Украина, НАТО нема да може да ја заштити околината при сегашното располагање на силите, велат авторите.
Според нив, под услов ако руските сили се покажат за два и пол дена во периферијата на Талин и / или Рига, тогаш Алијансата ќе има генерално две варијанти. Едниот е да почне крвава контраофанзива со ризик таа да ескалира до глобален конфликт. Втората е да признае привремено пораз со катастрофални последици за постоењето на НАТО и народите на Литванија, Латвија и Естонија.
Од Ренди објаснуваат дека трите балтички републики имаат граница со Русија / Белорусија, долга колку онаа меѓу НАТО и поранешниот Варшавски пакт во Централна Европа (по западните граници на ГДР и Чехословачка). Во годините на Студената војна, сепак по оваа линија биле распоредени над 20 сојузнички дивизии и неколку други биле во подготвеност за брзо пренесување во Европа непосредно пред или во почетокот на евентуален конфликт.
Денес балтичкиот дел од надворешната граница на НАТО се чува само од скромните армии на трите републики со големина од околу 3 пешадиски бригади и не повеќе од баталјон од сојузнички војници на ротациона основа. Во исто време руската армија – макар и само со околу 22 баталјони во Западниот воен округ и уште 5 во Калининград – е доволна да се надмине секој отпор на балтичките армии.

Географијата исто е во корист на Русија – по магистралата Талин се наоѓа на околу 200 километри од границата со Русија, а Рига е на не повеќе од 270. Од Полска – најблизок НАТО партнер со значителна армија – до Рига се околу 325 километри, а до Талин се речиси 600 километри. При тоа овие единици ќе треба да минуваат по копно во коридор со ширина 110-150 километри помеѓу руската енклава Калининград и западната граница на Белорусија , која е подложна на странични напади и е на дофат на далекубојна артилерија.
Земјата претставува мешавина од пространи отворени простори, се меша со шуми, езера и на некои места – богати мочуришта, односно брзото движење надвор од патиштата би било проблематично. Добрата вест за одбрана е дека има развиена мрежа на патишта и автопати, како и малку реки кои би подејствале како природна препрека или позиции за отпор.
Сценариото, одиграно од Ренди, предвидува околу 7 дена најава за конфликт – време за кое по воздух во балтичките републики не можат да се пренесат многу единици на помош. При оваа реалност тимот во улогата на НАТО се откажува од испоставени напред единици и ги концентрира оскудните сили околу двете престолнини.
Но при сите разиграни варијанти се стигнува до пораз за НАТО – руските сили го елиминираат или го опкружуваат секој отпор и се пред портите на Рига или Талин (или влегуваат во нив) во рамките на 36 до 60 часа.
Поради фактот дека балтичките единици се без тешка блиндирана борбена техника и без можност за тактичко маневрирање против руски тенковски колони и реактивна и тешка артилерија, ефектот од разиграното сценарија е дека пешадијата на НАТО дури и не успева да отстапи организирано и е поразена на место.
Борбената авијација на НАТО е во состојба да нанесува значителна штета на напредувачките руски војници, но без адекватно присуство на копнени сили на Алијансата, не достигнува време да се запре нападот. Русите можат мирно да пресметуваат загуби од воздушни напади, додека ограничената како број НАТО авијација е истурено по различни задачи – даги брани трупите на Алијансата, да бомбардира агресор и да бара и уништува воздушни комплекси.
Кога руската војска се покаже на периферијата на Талин и Рига после 2-3 дена, на НАТО му остануваат неколку лоши варијанти. Десантните трупи на САД би можеле да бидат пречек за офанзивата, но последиците за градовите и жителите јасно може да се види од тоа како изгледаше чеченската престолнина Грозни на крајот на Втората чеченските војна од 1999-2000 година Не е сигурно дека владите на Летонија и Естонија би одлучиле да ја платат оваа цена.
