На славење на десетгодишнината од своето постоење, партијата на зелените, ДОМ, изрази песимизам за одржување на изборите во април.

По повод настанот, претседателката Лилјана Поповска со мотото „Имаме право на здрава животна средина“ ја претстави партиската програма, давајќи посебен приоритет на парламентарните избори, исто така со акцент за зелените површини.
Поповска, исто така, рече дека во моментот не постојат задоволителни услови за одржување на фер избори во предвидениот датум постигнат во Пржинскиот договор.
Партијата ДОМ, која само пред неколку месеци беше дел од владејачката коалиција со ВМРО –ДПМНЕ, сега најавува позитивна кампања, и како што рече Поповска доколку се создадат услови за одржување на фер и демократски избори, партијата е подготвена да учествува како независен субјект на изборите на 24 април, јави ТВ 21.