Дали сте останале во лоша врска? Па, не сте единствените. Просечно човек чека 4 години пред да раскине со несоодветната половина и тоа најмногу, бидејќи не сака да остане сам, пишува Daily Mirror, повикувајќи се на меѓународно истражување во сферата на врските. Според него 2 милиони луѓе се во врска со некој кој не е соодветен за нив.
Зошто сме толку несреќни во љубовта?
Долгорочната компатибилност е главниот проблем на речиси половина од испитаниците (41%), велејќи дека тие не гледаат иднина со партнерот. Една третина (34%) изјавиле дека сакаат различни нешта од животот. Тажните 20% признаваат дека едноставно веќе не го сакаат партнерот.
Кои се главните причини за раскинување?
Навиката со партнерот, стекната во текот на годините, е многу силна. Истовремено со тоа чувствата се намалуваат и конечно поранешните љубовници се претвораат само во цимери. Често одлуката за разделба ја носи другиот човек, на кого му се случува нешто возбудливо во животот (нова работа во друг град / држава, нова љубов). Има случаи и кога нешто мало и битно иницира крај на долгото чекање, бидејќи покрај апатијата со времето се акумулира едно благо негодување поради тоа “вегетирање” во врската и конечно тоа ескалира од никаде.
Треба ли да скокате од врска во врска?
Иако според истражувањето главната причина за останување во лоша врска е неподготвеноста на човек да останува неврзан, психолозите советуваат да не се скока од човек на човек. Сама по себе таа причина не е доволна, затоа и таа не е добра основа за нова врска. Подобро да се почека малку време да се ослободите од претходниот човек во својот живот, од создадените навики и чувства со него и тогаш да се фрлите “лов” за нова партнерка.
Донесувањето на одлуката е тешко, но …
“Велат дека да раскине со некого е тешко, но е важно да сте во врска, која ве тера да се чувствувате добро. Сите сме слушнале приказни за луѓе кои конечно собрале храброст да прекинат со партнер кој ги правел несреќни и потоа биле посреќни од било кога “, изјави Џемима Вајлд, експерт за врски.