На 06.02.2016 година во 23.10 часот во ПС-Чаир М.С. (24) од Скопје пријавила дека истиот ден во периодот од 16.30 до 23.00 часот на ул. „Никола Малешевски“ , во стан сопственост на В.Р., непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со погоден алат насилно ја отворил вратата, влегол во станот, извршил пребарување и претурање по мебелот при што одзел 10.000 евра и 200 шведски круни, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 640.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 07.02.2016 година околу 23.00 часот во Скопје во кафе бар ул.„Скоевска“ Д.К. и Б.К. вербално и физички го нападнале сопственикот Д.Д. (39) од Скопје. Д.Д. телефонски бил известен дека Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот и истиот се упатил кон објектот. Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, по што истите почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајки го со нозе во пределот на градите при што паднал на земја. Од страна на гостите напаѓачите биле спречени да продолжат со намерата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера издадeни 2.841 потврди за намера за азил
На 06.02.2016 година околу 19.15 часот во с. Братиндол, битолско, во куќа сопственост на Ѓ.Ш. (73), поточно во гаражата, од засега непознати причини настанал пожар при што целосно било опожарено ПМВ „Тико“ со битолски регистерски ознаки. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причината за настанување на пожарот.
На 07.02.2016 година во 15.40 часот на патот Кавадарци – Мотел Дреново се случила сообраќајна незгода во која Ѓ.К. (30) од Кавадарци, управувајќи ПМВ„Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистерски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот. Во незгодата Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди , а поради сериозноста на повредите од ЈЗУ0 Кавадарци е пренесен во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Кавадарци.
На 07.02.2016 година во 17.55 часот на магистралниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна незгода во која А.И. (35) од Делчево, управувајќи ПМВ „Ауди 4“ делчевски регистерски ознаки, изгубил котрола над истото и излетал од патот. Во незгодата со повреди се здобил возачот и сопатниците Д.И. (66), А.И. (31) и две деца(едногодишно и двегодишно). Истите по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-ОБ-Велес, поради сериозноста на повредите, се пренесени во КЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Свети Николе.
На 07.02.2016 година во 12.35 часот на ГП „Табановце“ при пасошка контрола констатирано е дека Д.Д. (31) од Струмица евидира со мерка за спроведување до КПУ-затвор Струмица. Во 15.00 часот лицето со потврда за предавање на лице е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
На 07.02.2016 година во 16.10 часот на ГП „Табановце“ при пасошка контрола констатирано е дека С.А. (33) од Скопје евидира со мерка за спроведување до КПУ-Затвор Скопје. Во 17.30 часот лицето со потврда за предавање на лице е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
На 07.02.2016 година во 16.20 часот на ГП „Табановце“ при пасошка контрола констатирано е дека А.А. (42) од Скопје евидира со мерка за спроведување до КПУ-Затвор Скопје. Во 17.20 часот лицето со потврда за предавање на лице е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Во периодот од 04.02.2016 до 06.02.2016 година во с.Живово, прилепско, непознат сторител преку незаклучената врата од куќа сопственост на М.Ј. (63), извршил тешка кражба при што одзел ловна пушка марка со калибар 16 мм. Се реземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
