Основното јавно обвинителство – Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнограгфија од чл. 193-а ст.3 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов.
Утре стартува судењето за „Диво насеље“
Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација – Facebook Messenger и Instagram, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.
Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднесе барање и за определување на мерка притвор.
По спроведената постапка, судијата определи мерка Притвор во траење од 30 дена.
Интегрален текст
