Како се слави Кинеска Нова година во Штип?

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Студентите од Факултетот за меѓународни студии и Институтот за јазици од универзитетот Хебие од Република Кина денеска во штипската библиотека организираа Мултимедијален перфоманс во чест на Кинеската Нова година.

kineska-nova-godina-1

Студентите од Кина кои се дел од програмата за размена на студенти, веќе два месеца го учат македонскиот јазик на Филолошкиот факултети на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Пеејќи традиционални кинески песни и преку презентација, студентите од Кина, ја промовираа својата култура, со што изразија и благодарност за гостпримливоста на македонскиот народ.

– Јас сум импресионирана од македонскиот народ и морам да кажам дека навистина Македонија е убава земја, како што е и градот Штип, рече Лиу Јанг студент од универзитетот Хебие, Р.Кина.

Деканот на Филиолошкиот факултет при УГД-Штип, Драгана Кузмановска посочи дека студентите од Кина заедно со нивните колеги од штипскиот универзитет денеска заеднички ја прославија Месечевата кинеска Нова година.

– Студентите од Кина на нашиот факултет престојуваат веќе неколку месеци со цел да го изучат македонскиот јазик. Во текот на овој семестар тие го совладаа македонскиот јазик на ниво А1, а се надевам дека во вториот семестар ќе го совладата нашиот јазик на ниво А2, рече Кузмановска.