Марк Џејкобс крсти кармин по принцезата Шарлот

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Нејзината мајка е една од највлијателните лица во модната индустрија. Секоја модна комбинација на војвотката, се продава за неколку минути.4645893

Сега изгледа принцезата Шарлот оди по стилските чекори на мајка си. Американскиот дизајнер Марк Џејкобс вклучи во последната линија кармини розова нијанса, именувана по малата принцеза.

Карминот е заситено розов и се продава за 24 фунти. Дизајнерот вели дека за линијата бил инспириран од заситените розови тонови на една англиска роза.

Принцезата Шарлот ќе го прослави својот прв роденден на 2 мај.