Следниот “iPhone 5se” ќе доаѓа во познатите четири бои.
Информациите на британско издание ги побива гласините дека “Apple” ќе воведе спектар на поживописни бои на смартфоните, кој ќе вклучува светло розова. Компанијата ќе го пушти следниот модел во познатите бои “Rose Gold”, кој беше претставен во септември, заедно со “iPhone 6s”, како и во сребрена “космичко сива” и златна.
Освен тоа, се очекува телефонот да личи на мешавина помеѓу “iPhone 5” и “iPhone 6”. Тој најверојатно ќе биде со помала големина, како “5”, но со повеќето внатрешни карактеристики на “6” и “6s”.
Новиот телефон ќе биде претставен на 15 март според повеќето претходни информации. На пазарот тој ќе е достапен неколку недели потоа. Информациите за зачувување на бои доаѓа од докажаниот како сигурен извор на информации сајт “9to5mac”.
Се очекува во март да биде претставен и новиот таблет “iPad Air 3”. Тој ќе ги има димензиите на своите претходници, но ќе вклучува нови влезови за разни додатоци, заден блиц, нови стерео звучници, слични на оние на “iPad Pro”. Од технолошкиот гигант најверојатно ќе покажат и нови карактеристики на смартчасовникот “Apple Watch”. Тој најверојатно ќе се појави на пазарот во септември, кога се очекува да биде претставен и “iPhone 7”.