Извршниот директор на Google Inc. Сандар Пичаи беше награден со 273 илјади акции од класата C од холдингот Alphabet, а вредноста на која се проценуваат е 199 милиони долари, пишува Bloomberg.

Со таков солиден бонус Пичаи може да биде еден од најпознатите високоплатени врвни менаџери во светот. Според податоците на Bloomberg, платата му е колку најголемите „ѕверки“ на Google во историјата на компанијата. Треба да се напомене дека акциите ќе бидат достапни за шефот на компанијата во 2019 година, ако тој ја задржи функцијата.
Пред тоа Пичай работел како потпретседател на Google, и ја презеде компанијата по реорганизацијата во август минатата година.
Alphabet исто му даде акции за вредност од 42,8 милиони долари на Коосновачот и поранешен извршен директор на VMware Inc. Дајен Грин, кој во ноември 2015 година.
Google обично ги наградува своите врвни менаџери на секои две години. На овој начин, компанијата ги “мотивира менаџерите да планираат долгорочен развој на бизнисот.”