[РЕЦЕПТ] Салата со киноа по рецепт на Гордон Рамзи

од Vladimir Zorba
510 прегледи

Состојки:
200 грама киноa
50 грама бадеми
1 голема краставица
125 грама домати
50 грама суво грозје
неколку струка млад кромид
сол, црн пипер
маслиново масло и лимонов сок68b39e555b15989584cb36baf0e7de4d

Подготовка:
Сварете киноа според инструкциите на пакувањето, а потоа исцедете го и ставете го во сад да се излади. Во тоа време излупете ја краставицата, пресечете ја на две по должината и извадете ги семките.
Исечете ја на полумесечина и ставете во сад. Во сува тава ставете ги бадемитњ и ги запечете ги додека не добијат златна боја. Во садот со киноа додадете ја краставицата, бадемите и останатите сецкани производи. Зачинете со маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер по вкус.

Фото: istock