(Видео) Турист тврди дека снимил Јети во Шпанија

од Vladimir Zorba
91 прегледи

– Во одморалиштето „Формигал“ на Пиринеи е придзвикана вистинска паника, откако се прошири информацијата дека во околината наводно е видено бело крзнено суштество кое наликува на познатиот Јети, објави британскиот весник „Телеграф“.

Еден од туристите тврди дека успеал да сними необично суштество во околината на одморалиштето во североисточна Шпанија, а останатите скијачи и снолбордери сега се прашуваат дали снимката е доказ дека навистина постојат суштества од типот на Јети.

На форумите на кои е објавено видеото се разви жестока дискусија и се изнасени различни теории за она што се гледа на снимката. Yeti-Spotted-In-Spain-Man-Reports-Wife-Is-Missing...

Некои мислат дека станува збор за мечка, додека други тврдат дека е можно да се гледа војник за време на вежба во снежни услови.  Секако, изнесена е и теорија дека некој едноставно се облекол во бел крзнен костим за да предизвика паника.  Сопствениците на одморалиштетот ја пребарале околината и не пронашле непознато суштество.

– Веројатно нема причина за паника, но ќе продолжиме да го надгледуваме регионот, изјави потпаролот.

Скијачите кои го снимиле видеотот тврдат дека виделе необично суштество.

– Мечка или Јети? Кажавме што видовме, но не не сфатија сериозно. Се обложувам дека нешто се движи во тој регион. Знам што видов, изјави скијач, која сакал да остане анонимен.