Технологијата – третата страна во вашата врска

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Замислете живот без телевизор, лаптоп или телефон? Не можете, нели? Живееме во високо технолошки век и нашите гаџети станаа поважни од човечките односи, прошетките во природа и дури и хобијата.12087a1c306963605af8626ec33e59a2

За жал, неосетно тие го зазедоа и личниот живот и често доведуваат до колапс во врската со љубениот. Причината е дека веќе сме толку опседнати да од тоа да проверуваме телефон (mail, социјални мрежи, СМС-и, вајбер, игри и сл) што обрнуваме помалку внимание на човекот до себе.

Дали некогаш ви се случило да посегнете по смартфонот за време на секс? Преферирате ли да гледате некој натпревар или романтичен филм, наместо да разговарате со партнерот? Компјутерските игри поважни ли се од средба со пријателите? Ако одговорот е позитивен … Честитки – вие сте зависник од технологијата.

Сè повеќе експерти за човечките односи и семејни консултанти советуваат да се дистанцираме од технологијата и да обрнеме повеќе внимание на луѓето околу нас, а особено на саканиот. На зборови не изгледа толку тешко, но во реалноста е, бидејќи тие се незаменлив дел од нашето секојдневие. А сепак со упорност и волја може да ги промените своите навики.

Еве неколку совети што да направите за да не дозволите графиката да ја уништи вашата врска:

1. Извадете го телефонот од спалната соба, а обложете се на стандардниот дигитален будилник. Така нема да се искушувате да истражувате низ уредот, а ќе поминувате повеќе време со љубената / омилениот под покривката.

2. Секогаш одделете време за разговори со човекот до себе, пред да го вклучите телевизорот. Правете повеќе работи заедно -гответе, прошетајте се, шопинг. Личнатакомуникација е исклучително важна за вашата врска.

3. Направете си план во кој барем еднаш неделно ќе гоправите со него / неа нешто различно од вечерта, освен да гледате телевизија.

4. Секој ден му/ѝ дека го / ја љубите очи во очи, а не само преку Фејсбук, смс-и, скајпот и вајбер.

5. Погрижете се за викендите да се дистанцирате од технологијата и користете телефон само за да одговарате на повици. Останатото време посветете го на блиски пријатели и на партнерот.