Пресуда против сопругата на Нетанјаху за навреда на персонал

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Израелскиот суд денеска пресуди во корист на членот на персоналот на поранешниот Бенјамин Нетанјаху, кој ја тужеше неговата сопруга Сара за малтретирање.

netanyahu_1696925c

Мени Нафтали се жалеше дека Сара Нетанјаху го вреѓала и вербално го малтретирала, а судот пресуди во негова корист и наложи да му се плати оштета и судски трошоци во висина од околу 42.000 долари.

Нафтали, меѓу другото, раскажа дека во една прилика Сара нетанјаху го повикала во 3 часот изутрина и се жалела дека купил млеко во пластично шише наместо во тетрапак. Другпат, на подот го фрлила цвеќето од претходниот ден, жалејќи се дека не е свежо.