(ВИДЕО) Детето „Џихади јуниор“ погубува четири луѓе

од desk3
78 прегледи


Исламска држава објави денеска најнова видео снимка на убиство на која 4-годишен Британец со прекар Џихади јуниор, активира автомобил-бомба во која има заробеници на ИД.

На 7-минутното видео британското дете Иса Дер притиска копче со што се активира експлозив и убива четири невооружени мажи заробеници на ИД, извикувајќи: – Ќе ги убиеме неверниците, пренесува Дејли меил.

Триумфално стоејќи покрај остатоците од разнесениот автомобил, детето дига раце и вика – Алаху акбар (Бог е голем).

Детето е син на Британка од нигериско потекло Грејс Даре (24) од југоисточен Лондон која примила ислам и го одвела во Сирија. Тоа е вторпат детето да се појавува на пропагандна снимка на ИД. /МИА