Февруари 2015: Борис Немцов е убиен во Москва. Февруари 2016: повторно во Москва е нападнат неговиот сопартиец и поранешен премиер Михаил Касјанов. Кој стои зад тој атентат? Еве што посочува DW:
Вторникот вечерта, до девет и пол, недалеку од Црвениот плоштад во Москва. Михаил Касјанов токму се подготвува да си ја плати сметката, кога двајца млади мажи со кавкаски акцент го нападна во ресторанот. Едниот од напаѓачите фрлиле врз Касјанов со торта и викнале: “Ти си непријател! Ќе те убиеме!”, по што двајцата мажи брзо го напуштаат локалот. Надвор ги чекаат десет нивни соработници. Но, додека полицијата пристигне, мажите веќе одамна избегале.
Дознаваме за инцидентот час подоцна. И ме обзема страв. Страв за животот на Михаил Касјанов. Само пред околу една недела чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му се закани лично – преку пораката на профилот на самиот Кадиров во Инстаграм. Во него Касјанов се гледа од перспективата на снајперист, кој цели во него (види слика погоре).
“Путин носи лична одговорност за сите”
Го прашувам Касјанов кој е лидер на опозициската партија ПАРНАС што си помислил во оној момент. А тој ми одговори: “Тоа е злосторство. Закана за убиство. Обид за заплашување на руската демократска опозиција”. А потоа тивко додава: “Претседателот Путин е должен да престане со заканите, сам забравил дека службеник назначен од самиот него е заканувачот”.
“Службеникот” Кадиров е сметан за протеже на Путин, чија задача е да се задржи привидна стабилност во руската автономна Република Чеченија. Но Кадиров е познат и по тоа што се почесто почнува да дејствува на своја глава.
Русија нуди примирје во Сирија од 1 март
“Минатата година, кога беше убиен Борис Немцов, првично исто така немаше никаква реакција од страна на Кремљ”, се сеќава Касјанов. “Дури кога јавноста се крена, а обвиненијата против властите зачестија, шефот на претседателската администрација изјави дека нема никакви индиции против Кадиров. Затоа и сегашната молчење на Кремљ може да се толкува како одобрување за делото. А тоа значи дека Путин носи лична одговорност за се што се случува – вклучувајќи и за заканите упатени кон опозицијата “, вели Касјанов.
Опозицискиот лидер го нарекува Кадиров “незауздан службеник”. Дали тоа значи дека на овој човек се му е дозволено? “Така изгледа. Други луѓе не дозволуваат такво однесување, бидејќи очигледно сфаќаат дека ги очекува казна или дури разрешување. Кадиров сепак се смета за човек кој е над законот. Нешто повеќе дури: тој го предизвикува Путин, барајќи повеќе власт од онаа која му е дадена и му се дава со закон. ”
“Г-дин Касјанов, се плашите ли?”
Го водиме овој разговор во мала градска вила во самиот центар на Москва. Во неа се сместени канцелариите на Касјанов, кој беше премиер на претседателот Елцин. Зградата е со мали прозорци, покриени со завеси. На влезот има телохранител.
Го прашувам Касјанов дали се плаши за својот живот. Но тој ми одговара двосмислено: “Ситуацијата многу се влоши. Едни се обидуваат да го претстават заканувачкото видео на Кадиров како шега. Други, пак, го толкуваат како повик до крвава пресметка. Тоа, природно, многу не загрижува. Но, ние одамна сме го зацртале патот. одамна сме ја формулирале својата цел: сакаме да направиме Русија демократска држава. Тоа е нашата борба. ”
На 27 февруари се наполни една година од убиството на Борис Немцов. Со оваа мисла ја напуштам канцеларијата на Касјанов. И ме обземаат студенило. Не само поради ледениот ветер, кој ме пречекува надвор.
