Парламентот на Венецуела прогласи вонредна состојба поради глад

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Падот во земјоделското производство е 87%, а 300 национализирани претпријатија “не произведуваат ништо”

 20160212.wguvpysrqf

Парламентот на Венецуела прогласи вонредна состојба во прехранбениот сектор, пренесе ТАСС. Според пратеници, поради Неправилните активности на Владата земјата се борела со “хуманитарна криза” и “недостаток на храната “.Хулио Борхес, автор на иницијативата, истакна дека во времето на високите цени на нафтата земјата добила “трилиони долари” од извозот на “црното злато”, а во моментов населението остана “без храна, лекови” и функционалност на системот за обезбедување на редот. Според него, падот во земјоделското производство е 87%, а 300 национализирани претпријатија “не произведуваат ништо”.Парламентарното мнозинство составено од опозицијата побара од владата да претстави “привремени мерки за барање на хуманитарна помош од меѓународни организации” со цел да се избегне гладување на населението.