Наумов: Да ги задржиме а не да ги иселуваме младите од Македонија

од Vladimir Zorba
76 прегледи

 

СДСМ синоќа промовира дел од мерките од нивната програма на во скопските населби Ѓорче Петров и Хром.12705360_1083334378364580_4498128455971762040_n

Претседателот на партиската Комисија за финансии и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов посочи дека нивната цел е да ги задржат младите дома и да отворат нови работни места.

– Наша најголема цел е да ги задржиме младите дома. Ќе создадеме реален економски амбиент во којшто малите и средните претпријатија ќе имаат услови да напредуваат за да создаваат нови реални работни места. Со казните и давачките оваа власт затвори 10.000 домашни фирми. Ставаме крај на ваквите арач политики, рече Наумов.12715243_1083334318364586_7359910597305577058_n

Претставниците на СДСМ го повторија ставот дека нема да учествуваат, ниту ќе дозволат избори на кои граѓаните нема да можат да ја изразат слободната волја.