Елена Бимбиловска е првата Македонка која настапи во петтиот круг на талент шоуто Пинкови ѕвездички и се пласираше директно во наредниот круг со сите 5 гласа од жирито.
15 годишната стружанка ја изведе извонредно баладата „Меланхолија“ чиј оригинален изведувач е Јенела Томашевиќ, инаку член на жирито на натпреварот.
Елена до сега не ги изневери никогаш ниту судиите, ниту публиката, а кој ќе ѝ се придружи во шестиот круг од останатите две учеснички од Македонија, останува да дознаеме во наредните две недели.