Гзим Острени, денеска официјално беше избран како претседател на партијата „Унитети“, на партискиот конгрес кој се одржа во Скопје. 540 присутни делегати го усвоија статутот и планот на политичката програма, пренесе ТВ21.

Лидерот на партијата, Гзим Острени пред делегатите зборуваше за проблемите на Албанците. Тој уште еднаш ги обвини двете најголеми албански партии, ДУИ и ДПА, дека се претвориле во вазали на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сакаме да кажеме дека Унитети ќе се залага за превенција на проблемите акумулирани во текот на владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како што е политичкиот и социјално-економскиот хаос кој ја доведе Македонија во ваква состојба. Исто така ќе се залагаме за нормален развој на државата. “, рече Остени.
Тој вети дека Унитети ќе се залага за подобрување на сегашната ситуација и дека ќе се залага за решавање на проблемите на Албанците.
„Структурата на Унитети ќе се залага во подобрувањето на лошата состојба на граѓаните, преку бескомпромисна борба против корупцијата. Ќе се залагаме за целосна еднаквост на Албанците и другите граѓани на државно ниво, за подобрување на економската состојба, правилната употреба на буџетот. Унитети ќе се ангажира за сите случаи каде Албанците се оштетени.“, изјави Острени.
Острени го повтори ставот на партијата, дека нема да учествуваат на предвремените парламентарни избори, ако не се прочисти избирачкиот список и ако не се направаат потребните реформи во медиумите./ извор ТВ21