Во белградскиот дневен весник „Данас“ од петок 12 февруари 2016, известувачот од Скопје Златко Паковиќ во текстот „Ѓаволот доаѓа по своето“, пишува за актуелната политичка ситуација во Македонија, и потенцира дека во актуелните услови, изборите во Македонија би биле чиста фарса! Цивил го преведе текстот во согласност со Авторот.
Во продолжение дел од текстот:
Никола Груевски поднесе оставка на местото премиер и распиша избори за 24 април. До изборите, во име на Груевски, Владата на Република Македонија ќе ја предводи неговиот заменик, до неодамна анонимен апаратчик. Иако, де јуре не е на премиерска функција, де факто, Груевски ја води Владата. Што се однесува до изборите, извесно е дека опозицијата нема да учествува. Зошто?
Најкратко, затоа што сé остана исто. Пошироко, ова се основните и основани забелешки:
Седум месеци откако Европската комисија ги усвои Ургентните реформски приоритети и Експертските препораки од „Извештајот на Прибе“ (Рајнхард Прибе, раководител на Сениорската експертска група), таму препорачаните. нужни реформи, останаа мртва буква на хартија.
Најнапред, не е воспоставен конструктивен дијалог на власта, оопзицијата и граѓанското општество. Наместо тоа, власта одлучува исклучиво еднострано. Така, самоволно се распишани и изборите. Наместо вледеењето на поравото и принципот на поделба на власта, на сцена е, всушност, политичко самоволие, а законодавната и судската власт се узурпирани од извршната власт. Човековите права не се почитуваат, а Уставот на Република Македонија го кршат оние, кои пред сите останати, би требало да го почитуваат. Нема судски и собраниски надзор над Управата за безбедност и контраразузнавање. Оваа оранизација и понатаму е без контрола и може да прислушува јавни личности. Нема независност на регулаторните тела. На пример, на Народниот правобранител (Омбудсманот – заштитникот на граѓаните) не му е овозможено, според прикажаните докази, да го истражи кршењето на човековите права во врска со скандалот за прислушување. Државната комисија за борба против корупцијата не стори ништо околу обелоденетите докази за корупција на највисокото ниво на власта. На чело на Дирекцијата за заштита на личните податоци е поставено лице за кое се изнесени сериозни докази дека претходно било вклучено во изборен криминал. Не станува ни збор за департизација на јавната администрација. Уште повеќе, толку има прекубројно вработени, што оние кои нема први да дојдат до своите канцеларии, подоцна не можат да најдат слободно столче. Власта ја задолжува државата со кредити за да ја плаќа амдинистрацијата и да ја купува нејзината лојалност и гласовите на изборите. Конституирањето на Државната изборна комисија доценеше четири ипол месеци, со што беше оневозможено таа да ги истражи нерегуларностите на претходните избори. Не е воспоставен нов Избирачки список, а на стариот – бројот на избирачи е речиси еднаков со бојот на жителите на Македонија, сметајќи ги и сите малолетни лица! На претходните избори, утврдено е, гласале и бројни мртви лица. Јавниот сервис е под целосна контрола на власта. Затоа, опозицијата ги бојкотира изборите. Тие и такви избори, во вакви услови се чита фарса.
текстот во целост прочитајте го тука