(ВИДЕО) Двајца убиени и 18 повредени во експлозија на бомбаш-самоубиец во Дагестан

од desk3
72 прегледи

Автомобил “Лада-Приора” беше подметната во понеделникот во 9,05 часот наутро крај Џамикентската позиција на сообраќајната полиција во Дербентскиот регион на република Дагестан. Извори во безбедносните сили на руската република соопштија дека експлозијата е предизвикана од бомбаш-самоубиец, додека полицајците вршеле проверка на сомнителен автомобил. Загинале двајца полицајци, а 18 лица се повредени со различен степен на тежина. Осум од повредените се војници, а останатите – цивили.

“Зад воланот на автомобилот седел терорист-самоубиец, кој се разнесе. Според првичните податоци експлозијата е предизвикана од членови на “јужната диверзиона-терористичка група”, изјави извор од органите на прогонот.
Рускиот истражен комитет започна истрага на местото на инцидентот. Засега властите не се изјасниле официјално каква е причината за експлозијата. Истрагата не ја исклучува верзијата за терористички акт.
Според податоците на анонимен извор моќноста на експлозијата е еквивалентна на 30 килограми ТНТ.