Техничките проблеми на системот за екстерно тестирање кои се повторуваат секоја учебна година се навреда за интелигенцијата на учениците, сметаат средношколците од кумановскиот пленум, кои на денешниот собир најавија дека ќе ги продолжат активностите против лошите реформите во средното образование-пренесе Радио МОФ.

12746314_1690225934553392_1289970050_n-699x336

На собирот свои обраќања имаа граѓански активисти и претставници на Наставнички и Средношколски пленум. Според средношколецот Никола Крстевски, учениците остануваат на барањето да се укине постоечкиот модел на екстерно тестирање и да се воведе нов, но преку отворен дијалог меѓу сите засегнати страни. Тие побараа и оценките од екстерното тестирање од оваа година да се избришат, и воопшто да не внесат во сведителството.

„Сведоци сме за големото незадоволство од страна на учениците и наставниците. Уште на самиот почеток, целиот систем падна, па моравме да чекаме со чоасови тестот да започне. Ова само говори за техничката неиздржливост на овој систем. Нема да дозволиме ваков еден небулозен проект да продолжи да функционира и покдрај многуте обиди на средношколскиот пленум да укаже на проблемите. Нема да дозволиме една ваква небулоза да ја навредува интелигенцијата на учениците“, велат кумановските средношколци.

Од Средношколскиот пленум во Куманово велат дека остануваат на барањето и да се задржи стариот модел на државна матура.

Првичната локација на која требаше да се одржи средбата беше пред гимназијата „Сами Фрашери”. Меѓутоа, како што појаснуваат од Пленумот, директорот ја сменил одлуката во последен момент, иако пред две недели им дал дозвола за собир.
Извор: РадиоМОФ

Слични содржини