Јанкуловска е во кривичен суд, се уште трае маратонско испитување , нејзините адвокати пред неколку часа излегоа на пауза за ручек, но не открија што се случува внатре. Деталите не ги потврдуваат ниту од Кривичен суд, објави Телма.

27285golema

Како што изјави репортерот од терен, по завршениот распит, нема притвор за членот на општинската комисија во Чаир, Исмет Гури, одредена му е алтернативна мерка на претпазливост и тој не смее да им се приближува на одредени лица, со цел да не им влијае на граѓаните при следните избори.

Неизвесно е дали Кирил Божиновски, генералниот секретар на владата, дошол на распит и кога ќе дојде, како и останатите две лица осомничени во првата акција на Специјалното јавно обвинителство под кодно име Титаник.

Слични содржини